Достапни линкови

logo-print

Бугарија цел на Ал Каеда?


Бугарија претставува легитимна цел за напади на Ал Каеда и муџахедините, бидејќи испрати војници во Ирак и Авганистан, изјави портпаролот на исламистичката организација Асбат ал Ансар, шеикот Абу Шариф во интервју за софијскиот весник „24 Часа,,. Заканата доаѓа по најавата на бугарскиот министер за одбрана Ању Ангелов дека Бугарија размислува да испрати 500 свои војници за обезбедување на аеродромите во Кабул и Кандахар во Авганистан. Во врска со интервјуто се огласија и бугарските министерства за одбрана и за надворешни работи, кои велат дека сериозно ги сфаќаат ваквите закани.
XS
SM
MD
LG