Достапни линкови

Престрелка на македонско - албанската граница


Во близина на граничниот премин кај Свети Наум, на македонско – албанската граница, изутрината дошло до оружена престрелка меѓу македонската погранична полиција и група која влегла од Албанија. Според првичните сознанија на полицијата, најверојатно станува збор за група ловџии од Албанија кои недозволено влегле на македонска територија. Нема повредени припадници на македонската погранична полиција. Привредени се две лица албански државјани осомничени дека учествувале во инцидентот, додека останатите избегале.
XS
SM
MD
LG