Достапни линкови

Интервју - Џејмс Пердју


Џејмс Пердју, поранешен заменик на генералниот секретар на НАТО и еден од посредувачите во разговорите за Охридскиот договор

Џејмс Пердју, поранешен заменик на генералниот секретар на НАТО и еден од посредувачите во разговорите за Охридскиот договор

Рамковниот договор е исполнет од страна на политичките лидери, но има уште многу работа во подобрувањето на односите на најголемите етнички групи во земјава.

Поминаа девет години од потпишувањето на Рамковниот договор како ја оценувате состојбата на меѓуетничките односи сега во земјава?

Ги немам следено сите детали, но генерално мојот впечаток е дека големиот дел од Рамковниот договор е исполнет од страна на политичките лидери, но има уште многу работа во подобрувањето на односите на најголемите етнички групи во земјава и се надевам дека со текот на времето, и двете групи ќе се зближат. Една од работите што е многу важна е дека има посветеност на етничките Албанци кон Македонија како земја. Така беше кога преговаравме за Охридскиот договор и мислам дека тоа е предноста што ја има Македонија а ја немаа некои земји од регионот. Постои заеднички договор меѓу етничките Македоници и етничките Албанци во кој се вели дека Македонија треба да биде унифицирана држава, треба да се развива како демократија и заеднички да оди напред.

Спомнавте дека Македонија е успешна приказна, но Рамковниот Договор можеби и не е совршен. Кои се неговите мани?


Сметам дека се уште постои одредена сегрегација. Една од работите која е наведена во Охридскиот Договор е препознавање на албанскиот како јазик, сметам тоа е важно и дека е направено, но не требаше тоа да стане прашање по кое луѓето ќе се поделат, па да имаме одвоени школи, итн. Сметам дека јазикот е нешто што поделува, а не нешто што обединува. Се надевам дека Македонија ќе работи на тоа. Има напредок во многу области, не би сакал да го пренагласувам. Во Македонија треба да се работи исто како што треба да се работи и во САД, никој нема совршено досие.

Зошто Македонија е се уште далеку од членство во НАТО ?

Проблемот со името, меѓу Македонија и Грција во основа, го блокираше влезот на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт во 2008 година. Тоа е проблем кој што се уште трае и не изгледа дека наскоро ќе биде решен.

Дали е постигнат некаков прогрес во процесот на решавање на проблемот со името од самитот досега?

Не гледам дека е постигнат некаков напредок, знам дека ОН посредува околу разговорите, но целиот процес ми остава впечаток дека не се одвива баш брзо.

Зошто мислите дека Брисел и Вашингтон не го сфаќаат проблемот со името доволно сериозно?

Мислам дека по НАТО самитот во Букурешт и двете старни, европската заедница и НАТО заземаа пасивен став по ова прашање, оставија сами да си го решат проблемот, се тргнаа настрана и не се вклучија. Мислам дека тоа не е сменето. Се уште сметам дека САД и ЕУ се уште веруваат дека овој проблемот можат да го решат двете страни меѓу себе, а јас за такво нешто не гледам докази. За тоа и заклучувам, и ова е мое лично гледиште, дека е потребно меѓународната заедница да биде поактивна, односно да организира некаква форма на преговори или разговори за да се реши ова.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG