Достапни линкови

Грција не го проблематизира идентитетот, туку само името


Владите во Скопје и Атина се доволно зрели за да го решат спорот за името на разумен начин. Проблем е името на државата, а не идентитетот кој е индивидуално прашање, смета Александра Пападопулу, шеф на Канцеларијата за врски на Грција во Македонија. Грција не го проблематизира идентитетот затоа што го смета за лично прашање, а она што бара е модификација на името, рече Пападопулу на синоќешната дебата за грчко - македонските односи во контекст на евроинтеграцискиот процес.
XS
SM
MD
LG