Достапни линкови

Лидерска средба во Албанија без опозицијата


Албанската опозиција нема да учествува на денешната лидерска средба за изборните реформи свикана од премиерот Сали Бериша, изјави опозицискиот претставник Преч Зогај. Според него, проблемот не е во изборните закони, туку во нивното доследно спроведување. Клуч за надминување на кризата е транспарентноста, изјави Зогај. На лидерската средба нема да присуствува ни Албанскиот хелсиншки комитет, додека потврда за учество за сега има само од коалицискиот партнер на Бериша, Движење за социјалистичка интеграција на Илир Мета.
XS
SM
MD
LG