Достапни линкови

Хрватска очекува 12 европратеници и еврокомесар по влезот во ЕУ


По приемот во ЕУ, Хрватска очекува да има 12 пратеници во Европскиот парламент, еден еврокомесар и еден судија во Европскиот суд, изјави денеска хрватскиот премиер Јадранка Косор. Таа најави дека следниот месец Загреб очекува да ги заврши преговорите по поглавјето 34 од договорот за членство во Унијата со кое се регулура хрватското учество во органите на ЕУ.
Покрај претставниците во Европарламнетот, Еврокомисијата и Евросудот, Хрватска ќе има претставник и во Европскиот совет, гувернерот на Хрватската народна банка ќе биде член на Советот на Европската централна банка, а земјата ќе добие и еден судија во Ревизорскиот суд и девет членови во Одборот на региони.
Косор нагласи и дека по приемот на Хравтска во ЕУ, хрватскиот јазик ќе стане еден од службените јазици во Унијата.
XS
SM
MD
LG