Достапни линкови

Судот во Мјанмар ќе расправа за ослободување на нобеловката Су Ки


Судот во Мјанмар наводно одлучил да дозволи ново сослушување за ослободувањето на опозициската лидерка Аунг Су Ки од домашен притвор. Судот веќе одби две барања за ослободување на нобеловката. Нејзиниот 18-месечен домашен притвор истекува на 13 ноември, една недела по завршувањето на првите избори во земјата во последните две децении.
Најголем дел од последните 15 години, таа ги помина во домашен притвор.
XS
SM
MD
LG