Достапни линкови

logo-print

Друцас бара почитување на референцата ФИРОМ


Грција очекува трети земји и сите нејзини партнери и пријатели да го користат привременото име ФИРОМ на сите нивоа, се до изнаоѓањето заеднички прифатливо решение за името. Ова го изјави грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас во интервју за либанскиот весник „Ан Нахар“, во врска со одлуката на Сирија да ја признае Македонија под уставното име.
Друцас вели дека привременото име е договорено и се користи во ОН и во други меѓународни организации врз основа на резолуцијата на Светската организација и оти со користењето на референцата другите држави ќе изразат поддршка за процесот што се води под покровителство на ОН.
Во интервјуто, тој го повторува грчкиот став дека најсоодветно решение за спорот меѓу Атина и Скопје е име со географска одредница за севкупна употреба.
XS
SM
MD
LG