Достапни линкови

Центрите за социјална работа ги укинуваат средства за оние кои според нив нелегално земале социјална помош. Социјалците, пак, се жалат дека неправедно им е укинат надоместокот.

Бројот на корисници на социјална помош во Прилеп, годинава е намален речиси за една третина во споредба со периодот пред четири години, така што се редуцирани и буџетските средства кои се трансферираат за оваа намена, за два милиона денари месечно.
Поголем број од луѓето кои работеле на црно, се евидентираа и се пријавени како вработени. Таа е една од причините која е намалена, ги ажуриравме, значи потпишување, се она што законски е обврзан коринисникот, мора да го извршува. Понатаму зајакнати се
контролите.

„Негде во 2007, во почетокот имавме бројка од 5500, 5600 семејства корисници на ваков вид на помош, континуирано од 2009, 2010 таа бројка се движи под 4000, значи сме достигнале бројка до 3600, 3700, 3800... значи варијабилна е таа бројка од месец до месец, затоа што за ова право, ние секој месец, примаме барања“, вели Снежана Јованоска, директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Таа додава дека оваа состојба е резултат на цел систем на мерки кои се преземаат континуирано, но и на синхронизираната соработка со повеќе институции, со цел откривање на граѓани кои бесправно добиваат социјална помош.


„Поголем број од луѓето кои работеле на црно, се евидентираа и се пријавени како вработени. Таа е една од причините која е намалена, ги ажуриравме, значи потпишување, се она што законски е обврзан коринисникот, мора да го извршува. Понатаму зајакнати се контролите“, изјави Јованоска.

Таа вели дека има и семејства, корисници кои веќе со спогодба ги враќаат парите, кои ги користеле против законски. За да не се покренат тужби, судски спорови и да се избегнат дополнителни трошоци, поранешните корисници, социјалните пари ги враќаат доброволно на рати.

Но, наспроти овие, има граѓани кои се избришани од списокот на корисници, а на кои социјалната помош, им е најпотребна. Тие иако не ги исполнуваат законските критериуми, немаат елементарни услови за живот. Голем дел од нив се стечајни работници, кои немаат работа, ниту каква било друга поддршка.
Ни ја укинаа затоа што изминал периодот од 4 години, после 4 години јас треба да престанам да живеам, да чекам две години да
поминат.


„Ни ја укинаа затоа што изминал периодот од 4 години, после 4 години јас треба да престанам да живеам, да чекам две години да поминат.“

„Ќерката учеше Скопје, се запосли на 3 месеци и тоа тие 3 месеци, јас дадов изјава дека таа не живее со мене, дека Скопје седи, дека таму работи.“

„Избркан сум 20 години, со 23 години стаж, немам ништо јас, ни од државава.“

Освен овие луѓе кои собраа храброст јавно да говорат, има и многу други прилепчани кои живеат во беда, во тешки социјални услови и кои го губат правото на социјален надоместок по разни основи. Сите тие бараат од државата или да им се обезбеди работа или да се изврши промена на законот, зашто тврдат дека секој месец живеат се полошо.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG