Достапни линкови

Пердју - Брисел и Вашингтон недоволно сериозни за името


Поранешниот американски амбасадор и посредник во разговорите за Охридскиот рамковен договор во 2001 година, Џејмс Пердју смета дека Вашингтон и Брисел треба посериозно да му пристапат на спорот со името и да се вклучат во негово решавање.

„Вие го имате посредникот на ОН Метју Нимиц, кој работи на ова веќе подолго време. Tој би можел да има соодветно решение, но дали има меѓународнa поддршка да оди во Атина и во Скопје и тоа да резултира со некаква конечна разврска?! Не мислам дека е така“, изјави Пердју, кој e веќе пензиониран.
XS
SM
MD
LG