Достапни линкови

Наумовски - Нова блокада значи ново кршење на времената спогодба


Ако Грција повторно го попречи започнувањето на преговорите на Македонија со ЕУ, тоа ќе биде уште едно кршење на времената спогодба која е „релевантен и важечки меѓународен правен документ“, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски.
Несомнено е, констатира Наумовски, дека секогаш кога Европската комисија препорачала некоја држава да почне преговори тоа било следено од Советот и останатите институции, освен во случајот на Македонија.
XS
SM
MD
LG