Достапни линкови

Наградата за човекови права „Сахаров“ за кубанскиот дисидент Фаринас


Европскиот парламент му ја додели наградата за човекови права „Сахаров“ на кубанскиот дисидент Гилермо Фаринас. 48-годишниот Фаринас помина во затвор 11,5 години и 23 пати штрајкуваше со глад во знак на протест против кубанскиот режим.
Наградата во вредност од 50 илјади евра, ќе му биде врачена на церемонија во Стразбур на 15 декември.
Европскиот парламент почна да ја доделува наградата што е именувана по познатиот советски научник и дисидент Андреј Сахаров во 1988 година.
XS
SM
MD
LG