Достапни линкови

ММФ - Грција да не го реструктуира својот долг


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) смета дека Грција не треба да го реструктуира својот долг, бидејќи тоа би можело да нанесе повеќе загуби, отколку полза на нејзината економија, објави електронското издание на атинскиот весник „Вима“.
Согласни сме со грчките власти и со Европскиот парламент, дека загубите од едно реструктуирање на долгот се повеќе од полза, изјави во Виена заменик-директорот на ММФ за Европа, Аџај Чопра.
Тој додал дека буџетската хармонизација на Грција е на вистински пат, но и препорачал на земјата повеќе напори во таа насока.
XS
SM
MD
LG