Достапни линкови

Визната либерализација за БиХ и Албанија во Ноември


Земјите членки на Европската унија синоќа се договорија одлуката за безвизен режим за БиХ и за Албанија да биде донесена на 8 и 9 ноември кога во Брисел ќе биде одржан состанок на Советот на министри за внатрешни работи на Унијата.
Тогаш би требало да биде одреден датум кога граѓаните на БиХ и Албанија ќе може да патуваат без визи. По техничката согласност, искажана е и политичка согласност на сите 27 членки на Унијата да биде финализирано прашањето за визна либерализација за БиХ и за Албанија, јавуваат сараевски медиуми.
XS
SM
MD
LG