Достапни линкови

Белгија бара од Македонија да не ја злоупотребува визната либерализација


Да не се злоупотребува визната либерализација и да се спречи новиот бран мигранти од Македонија во Белгија. Ова, според најавите ќе го побара белгискиот државен секретар за буџет, азил, имиграција и семејни работи Мелкиор Ватле, на денешните средби во Скопје со министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и со претставници на министерствата за внатрешни и за надворешни работи.
Мелкиор ќе ја посети општина Шуто Оризари каде што ќе се сретне со градоначалникот Елвис Бајрам.
На вчерашната средбата со градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, Ветле истакна дека треба што поскоро да се надмине проблемот со економските азиланти од Кумановско и Липковско во Белгија.
Според белгиските медиуми, во јули и август азил во Белгија побарале 387 државјани на Србија, 736 од Косово и 210 од Македонија, а во октовмри се очекуваат 500 нови азиланти од регионот
XS
SM
MD
LG