Достапни линкови

Белгискиот секретар за азил во посета на Македонија


Делегација од Белгија предводена од белгискиот државен секретар за азил, имиграција и семејна политика Мелкиор Ватле допатува во Македонија за да ја пренесе праката на белгиската влада во врска со новиот бран азиланти во оваа европска држава. Варле на вчерашната средбата со градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски истакна дека треба што поскоро да се надмине проблемот со економските азиланти, Тој порача дека не треба да се злоупотребува и погрешно да се толкува визната либерализација. Ватле беше во Македонија пред шест месеци. Тој денеска ќе има разговори во минитерствата за внатрешни и за надворешни работи. Белгиските медиуми наведуваат дека во јули и август азил во оваа земја побарале 210 државјани од Македонија.
XS
SM
MD
LG