Достапни линкови

Ромпуј ја заврши балканската турнеја


Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј на средбата со албанскиот претседател Бамир Топи порача дека земјата треба да продолжи со реформите доколку сака европска интеграција. Ромпуј изјави дека ЕУ безрезервно ја поддржуваме европската иднина на Албанија. Тој ја нагласи потребата од поинтензивни реформи, како што е консолидацијата на независните демократски институции, борбата против корупцијата, заштитата на човековите права и слободи и напорите за подобра извршна власт. Двајцата соговорници изнеле заеднички став во врска со сигурната иднина на сите земји од регионот, при што во тој контекст Ромпуј констатирал дека „преку унапредувањето на регионалната соработка целиот Западен Балкан ќе го заземе заслуженото место во големото европско семејство“. Со посетата на Албанија, Ромпуј ја заврши мини балканската турнеја.
XS
SM
MD
LG