Достапни линкови

Нема волшебна формула за израелско-палестинските преговори


Не постои маѓична формула со која ќе се излезе од ќор сокакот во кој се доведени мировните преговори меѓу Израелците и Палестинците, туку тоа треба да се направи со напорна работа, изјави државниот секретар на САД Хилари Клинтон. Таа изјави дека и двајцата лидери, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас остануваат посветени на изнаоѓање решение за двете страни. Палестинците ги прекинаа разговорите откако Израел одби да го продолжи мораториумот за изградба на населби на окупираниот Западен Брег.
XS
SM
MD
LG