Достапни линкови

ЕУ:Украина да ги почитува човековите права


Европската унија ја повика Украина целосно да ги почитува човековите права и слободата на печатот. Во соопштението на шефицата на дипломатијата на ЕУ Кетрин Ештон и на еврокомесарот за проширување Штефан Филе се наведува дека од Украина зависи темпото со кое и се приближува на Унијата. Во соопштението од ЕУ се наведува дека тие се загрижени за се почестите жалби кои се однесуваат на влошување на почитувањето на основните слободи и демократски принципи во земјата.
XS
SM
MD
LG