Достапни линкови

Опозицијата во Романија бара оставка на владата


Опозицијата во Романија синоќа покрена процедура за симнување од власт на премиерот Емил Бок, за формирање на кризна влада и за одржување на вонредни избори. Гласањето за недоверба на владата треба да се одржи на 27 октомври. Оставка на владата побараа опозициската Социјалдемократска партија и Националната либерална партија, затоа што како што велат за помалку од 2 години е уништена економијата во земјата и институциите на правната држава. Во документот кој го составија партиите се наведува и дека владата на Бок ја загрозува иднината на земјата .
XS
SM
MD
LG