Достапни линкови

Ирак ќе бара помош за обнова


Премиерот на Ирак Нури ал-Малики изјави дека ќе побара од државите од регионот да се вклучат во обновата на Ирак, ако тој си обезбеди втор мандат на функцијата. Ал-Малики по состанокот со претседателот на Египет Хосни Мубарак , изјави дека ги поканил египетските компании да работат во Ирак. По изборите кои се одржаа на 7 март годинава, Ирак се уште не избра премиер. Ривал на Малки му е Ајад Алави . Малики за време на својата посета во регионот ќе ги посети и Сирија, Јордан и Иран.
XS
SM
MD
LG