Достапни линкови

logo-print

Иванов ги бара досиеата на македонските кодоши од Белград


Претседателите Иванов и Тадиќ на прес-конференција во Белград

Претседателот Ѓорге Иванов, кој престојува во дводневна официјална посета на Србија, на денешната средба со својот српски колега Борис Тадиќ во Белград го отвори прашањето за досиејата од белградските архиви што на Македонија и се потребни за спроведување на процесот на лустрација.
Претседателот Иванов рече дека Македонија и Србија имаат различни ставови по однос на прашањето на Косово или за црковниот спор.

„Tоа е црковно прашање, им го оставаме на Црквите да си го решаваат, но ние како претседатели создаваме навистина еден амбиент да почне тој дијалог, да се одвива, да има континуитет во тие односи меѓу нашите две Цркви, во добробит на верниците кои живеат на овој простор.“

Претседателот Тадиќ, пак, рече дека тие се заложиле за поинтензивна економска соработка и за европските интеграции.

„Пред се, зборувавме за економската соработка и довршувањето на Коридорот 10, кој сам по себе, со својата функција, ги подигнува капацитетите на нашите економии и од друга страна го прави процесот на политичка интеграција на Западниот Балкан поизгледен.“
XS
SM
MD
LG