Достапни линкови

Романските пратеници не знаат за што гласаат


Романскиот парламент

Пратениците од романската владеjачка Демократско-либерална партија по грешка гласале за предлог законот за намалување на данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи на пет отсто, соопштија агенциите.

Пратениците од Долниот дом на романскиот парламент вчера едногласно изгласаа данокот на додадена вредност за основните прехранбени стоки, како лебот, месото, млекото, маслото за јадење и шеќерот, да се намали на пет отсто. Следниот чекор е законот да му се испрати на претседателот Трајан Басеску, за да се прогласи и да влезе во сила.

Сепак, владеjачката партија претходно ќе се обиде да го поништи гласањето за овој предлог закон, затоа што според неа пратениците гласале по грешка.

Пратениците од владеjачката партија не знаеле за што гласаат, кога го одобриле намалувањето на данокот, изјави државниот секретар во Министерството за земјоделие Адријан Радулеску.

Според него, данокот не може да се намали затоа што тоа ја нарушува спогодбата со Меѓународниот монетарен фонд.
XS
SM
MD
LG