Достапни линкови

Иванов ги бара македонските досиеа од Тадиќ


Претседателот Ѓорге Иванов, кој престојува во дводневна официјална посета на Србија, на денешната средба со својот српски колега Борис Тадиќ во Белград го отвори прашањето за досиејата од белградските архиви што на Македонија и се потребни за спроведување на процесот на лустрација.
Двајцата претседатели, исто така, апeлираа македонското национално малцинство во Србија и српското во Македонија, на следните пописи да се изјаснат слободно.
Излегоа и со конкретни предлози за заштита на културно историското наследство во двете држави. Во тој контекст Тадиќ нагласи дека дека треба да се создаде можност за одбележување на 2 Август во манастирскиот комплекс Прохор Пчински.
XS
SM
MD
LG