Достапни линкови

Поранешен украински министер уапсен во Чешка


Украина побара екстрадиција на поранешниот министер за економија Богдан Данилишин кој беше уапсен во Чешка во понеделникот. Украина распиша меѓународна потерница по Данилишин кого го товари за злоупотреба на службената должност. Чешка соопшти дека процедурата за екстрадиција може да потрае со месеци.
Данилишин е трет висок функционер во владата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко кој се соочува со кривична истрага, откако прорускиот претседател Виктор Јанукович дојде на власт пред нецела година. Опозицијата ги смета обвиненијата како притисок од власта.
XS
SM
MD
LG