Достапни линкови

logo-print

Саркози нареди разбивање на демонстрациите


Девојка го носи знамето на Комунистичката партија на протестите против пензискита реформи во Ница

Францускиот претседател Николас Саркози изјави дека и наредил на полицијата да ги разбие блокадите на сите депоа со гориво. Резервоарите се под блокада од демонстрантите што протестираат против владините пензиски реформи, кои предвидуваат минималната граница за пензионирање да се покачи од 60 на 62 години.

Една третина од бензинските пумпи во земјата останаа без бензин поради штрајкот во рафинериите и блокадите на резервоарите за гориво. Протестите главно се мирни, со исклучок на насилствата предизвикани од студентите надвор од Париз и во Лион.

Пензиските реформи беа изгласани од Собранието. Кон крајот на неделава реформите ќе дојдат на гласање пред Сенатот.
XS
SM
MD
LG