Достапни линкови

logo-print

Ширењето на НАТО, закана за Русија


Началникот на Генералштабот на руската војска Николај Макаров изјави дека ширењето на НАТО и приближувањето на Алијансата до границите на Русија претставува опасност за Москва. Макаров кој е во посета на Србија за денешното издание на белградскиот весник ,,Политика,, вели дека Русија е подготвена да сорабутва со НАТО врз реални, а не врз замислени закани. Според него, на Европа и е потребен нов систем на колективна безбедност, бидејќи НАТО, Европската унија и ОБСЕ не биле во состојба ефикасно да ги решат проблемите.
XS
SM
MD
LG