Достапни линкови

САД и Пакистан во нова рунда стратегиски разговори


Соединетите држави и Пакистан денеска отвораат нова рунда во стратегискиот дијалог за продлабочување на нивното партнерство против исламскиот екстремизам. Тридневните разговори во Вашингтон ќе бидат раководени од американскиот државен секретар Хилари Клинтон и од шефот на пакистанската дипломатија Шах Махмуд Куреши. Конгресот лани одобри околу 7 ипол милијради долари помош за развојот на образованието и демократските институции во Пакистан како одговор на растечкото ширење на исламскиот ектремизам во таа земја.
XS
SM
MD
LG