Достапни линкови

САД и ЕУ заедно на Балканот


Помошник државениот секретар на САД Филип Гордон на разговори со претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов во Скопје

Помошник државениот секретар на САД Филип Гордон на разговори со претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов во Скопје

Македонија ќе се приклучи во НАТО откако ќе биде решен спорот со името. Ова го изјави американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон во Центарот за трансатлантски односи во Вашингтон, каде што ги образложи целите на заедничкиот ангажман на американската администрација и Европската унија на Балканот и Источна Европа.

Со доаѓањето на администрацијата на Барак Обама на власт, како врвен приориотет беше поставен повторниот ангажман со нашите европски партнери, изјави помошник државниот секретар за европски прашања Филип Гордон, додавајќи дека претседателот Обама призна оти во справувањето со предизвиците од меѓународната агенда не може да се оди сам и оти нема подобар партнер од Европа каде што Соединетите Држави работат со демократски, просперитетни и воено способни сојузници кои ги споделуваат американските вредности и интереси.

„Ние се уште работиме со Европа за Европа, односно за комплетирање на историскиот проект за ширење на стабилноста, безбедноста, просперитетот и демократијата на целиот континент. Но, нашата работа не е завршена и нашите напори продолжуваат на Балканот и понатаму до Источна Европа и на Кавказот“, изјави помошник државениот секретар Филип Гордон.

Ние заедно се согласивме дека Македонија ќе се приклучи откако ќе биде решен спорот со името. Овој степен на согласност на Балканот е вистинска промена. Тоа еднаш беше едно прашање што ги подели САД и Европа, но сега ние работиме
заедно.
Филип Гордон

Тој додаде дека американската администрација тесно соработува со Европа во постигнувањето на овие цели, бидејќи, како што рече „имаме иста стратегија со Европа, затоа што имаме исти цели“.

Соединетите Држави и Европската унија се на став дека Европа нема да биде целосна се додека сите земји од Западен Балкан не станат членки на Европската унија.

„Јас бев со секретарот Клинтон минатата недела на нејзината посета на Балканот и можам да кажам дека не е случајно што таа тесно се координираше со европските партнери во врска со политика во регионот.“

Притоа Гордон наведе дека Вашингтон се консултира со Брисел околу дијалогот меѓу Србија и Косово, иднината на Босна, патот на Хрватска кон Унијата, нејзиниот влез со Албанија во НАТО.

„Ние заедно се согласивме дека Македонија ќе се приклучи откако ќе биде решен спорот со името. Овој степен на согласност на Балканот е вистинска промена. Тоа еднаш беше едно прашање што ги подели САД и Европа, но сега ние работиме заедно. Интензивната заедничка дипломатијата во последните месеци покажа колку нашите визии се поврзани, нешто што е од суштинско значење за напредокот на Балканот“, рече Филип Гордон.

Тој наведе дека НАТО останува суштински механизам за американскиот безбедносен ангажман во Европа, но и за американско-европската безбедносна соработка во целиот свет.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG