Достапни линкови

Гордон: Македонија во НАТО по решавањето на спорот со името


,,Македонија ќе се приклучи во НАТО веднаш откако ќе биде решен спорот со името,,. Ова го изјави американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон во Центарот за трансатлантски односи во Вашингтон каде што ги образложи целите на американската администрација на Балканот и Источна Европа. ,,Соединетите држави и Европската унија се на став дека Европа нема да биде целосна се додека сите земји од Западен Балкан не станат членки на ЕУ. Јас бев со американскиот државен секретар Клинтон во минатата недела на нејзината посета на Балканот и можам да ви кажам дека нашата политика кон регионот е многу тесно координирана со Европската унија,, изјави Гордон.
XS
SM
MD
LG