Достапни линкови

Конференција за положбата на Ромите во Европа


Денеска во Стразбур ќе биде одржана конференција посветена на прашањата за положбата на Ромите во Европа, на иницијатива на македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски како претседавач на Комитетот на министри на Советот на Европа и генералниот секретар на Советот Торбјорн Јагланд. На собирот ќе учествуваат министри за надворешни работи и министри надлежни за прашањата на Ромите, високи претставници од државите-членки на Советот на Европа, на ЕУ и ОБСЕ, како и претставници на други меѓународни и невладини организации. Ќе биде разговарано за положбата на Ромите во европските земји.
XS
SM
MD
LG