Достапни линкови

logo-print

Азилантите ја загрозуваат визната либерализација


Бројот на барањата за азил на лица од Србија, Македонија и Црна Гора доставени до властите на германската покраина Баварија драстично се зголеми, што би можело да ја загрози визната либерализација за овие земји, изјави баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман. Доколку оваа бројка и натаму се зголемува Европската унија би можела повторно да го разгледа укинувањето на визната либерализација, рече тој. Херман истакна дека во минатата година 59 државјани на Македонија и на Србија побарале азил во Баварија, додека до 15 октомври оваа година тоа го сториле 130 државјани на Србија и 260 од Македонија. Тој нагласи дека тоа можеби е последица на погрешните вести оти оние кои се согласуваат на доброволно враќање може да добијат парични средства, доколку претходно поднесле барање за азил.
XS
SM
MD
LG