Достапни линкови

Ван Ромпуј денеска во Сараево, Тирана и Љубљана


Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј денеска ја продолжува балканската турнеја со посетата на Сараево. Тој ќе се сретне со членовите на претседателството на БиХ и со високиот претставник Валентин Инцко. Потоа Ван Ромпуј патува за Тирана, на средби со албанскиот премиер Сали Бериша и со претседателот Бамир Топи. Турнејата ја завршува вечер во Љубљана, каде што ќе разговара со словенечкиот премиер Борут Пахор.
XS
SM
MD
LG