Достапни линкови

Бан Ки Мун го осуди нападот врз конвој на ОН во Ирак


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го осуди бомбашкиот напад врз конвојот на специјалниот претставник на Светската организација во Ирак. Претходно беше соопштено дека Ад Мелкерт и другите членови на мисијата во Ирак не биле повредени во вчерашниот напад во Наџаф, а оти загинал еден припадник на ирачките безбедносни сили и неколку биле повредени. Пред нападот Мелкерт имал средба со големиот ајатолах Али ал Систани, најценетиот свештеник на шиитските муслимани во Ирак.
XS
SM
MD
LG