Достапни линкови

Просторен план за охридско-преспанскиот регион


Новиот просторен план има за цел заштита на природното наследство и животната средина
Новиот просторен план има за цел заштита на природното наследство и животната средина

Ефикасно користење на просторот и уредување со издржани решенија, се основните начела на просторниот план за охридско-преспанскиот регион.

Ефикасно користење на просторот по квалитет и квантитет и негово уредување со издржани решенија, со заштита на природното богатство и културно-историско наследство како најважен просторен капитал и запирање на урбанистичката деградација, се основните начела на долгорочната стратегија за охридско-преспанскиот регион со новиот просторен план кој е во изработка и се презентира пред јавноста. Планот го изготви владата,треба да го донесе парламентот, а директни имплементатори ќе бидат општините.
Овој план е во корелација со сите закони за заштита на животната средина и природното наследство. Во него се внесени одредбите за заштита на природата, за управување со отпад, за води, за просторно урбанистичко планирање. Целта е сите законски акти за локалната самоуправа и за локалниот рамномерен развој да бидат имплементирани во хармонија со просторниот
план.


„Овој план е во корелација со сите закони за заштита на животната средина и природното наследство. Во него се внесени одредбите за заштита на природата, за управување со отпад, за води, за просторно урбанистичко планирање. Целта е сите законски акти за локалната самоуправа и за локалниот рамномерен развој да бидат имплементирани во хармонија со просторниот план. Ако успееме сите овие закони, што е обврска и на централната власт и на единиците на локалната самоуправа, да бидат имплементирани, сметам дека просторниот план за овој регион во целост ќе биде реализиран, а сите аспекти на загрозување на природното богатство и на евентуално загадување ќе бидат спречени“, вели Неџати Јакупи, министер за животна средина.

Охрид

Пред него беа потенцирани еколошките проблеми со загадувањето на Охридското Езеро од Пештани до Свети Наум и особено кај струшкото село Радожда, што иако познати туристички места, се загадени од отпадните и феклиите од септичките јами, поради непостоење колектор.

„Колекторскиот систем е изграден до населбата Елен Камен, треба да продолжи уште за четири километри за да се заокружи целосно. Ние како локална самоуправа на Струга имаме изработено физибилити студија и проект. Конкуриравме со прекуграничните општини во Албанија за добивање средства во ИПА програмата и очекуваме проектот да биде прифатен. Не е наша одговорност изградбата на колекторскиот систем, кој како објект за заштита на Охридското Езеро е имот на државата, и затоа тука треба да се вклучи државата“, вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

Тој очекува проблемот со немањето колектор и опасноста од загадената вода кај Радожда што се влече со години, да се реши со новиот просторен план.
Конечно ќе се знае што смее, а што не смее и ќе се дефинираат надлежностите и одговорностите.

„Конечно ќе се знае што смее, а што не смее и ќе се дефинираат надлежностите и одговорностите. Заштитата не значи оставање на работите да се случуваат стихијно, туку треба институциите да ја организираат. Сега не се знае до каде е строго заштитетната зона на националниот парк Галичица, а плажите кои не се издадени под концесија, нема кој да ги чисти. Кој е надлежен за крајбрежјето и за негово одржување преку целата година? Има подрачја како Пештани и Рача, каде националниот парк минува низ куќите, што значи линијата на паркот некаде треба да се повлече или прошири. Сето тоа треба да се дефинира. До сега заштитата на животната средина се третираше повеќе политички, зависно кој е носител на централната и локланата власт, имаше политички препукувања. Сметам дека владата конечно со овој просторен план, точно ќе ја дефинира работата и одговорноста“, посочува градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Тој очекува, со новиот просторен план, комплексно да се реши проблемот со заштитата на животна средина во охридско-преспанскиот регион, да се постават јасни правила на игра што да се заштити, каде да се инвестира и да се стави крај на хаосот, што е посебно важно за привлекување инвеститори. Граѓаните на Охрид, Струга, Дебарца, Ресен и Вевчани имаат забелешки дека планот доцни, откако се извршија бројни уништувања на животната средина во регионот и откако тој се преполни со нови градби што одредени бизнис субјекти ги наполнија со профит, но им го одзедоа просторот и воздухот на граѓаните и трајно го сменија ликот на Охрид.
XS
SM
MD
LG