Достапни линкови

Ромпуј - Решение за името што поскоро


Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј и премиерот Никола Груевски

Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј и премиерот Никола Груевски

Надеж за решение за името и отворање на европската врата, изрази претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј при посетата на Скопје.

Претседателот на европскиот Совет Херман Ван Ромпуј, кој попладнето имаше средби со македонскиот државен врв повтори дека неговата посета на Балканот претставува порака дека Европската унија ја подржува интеграцијата на регионот и дека и балканските земји треба да вложат напори за да се доближат до ЕУ. Владеењето на правото и на демократските вредности се од централно значење за вашата земја како кандидат за членство во Унијата. Фокусот треба да остане врз исполнување на стандардите. Подобрување на
Европската унија не е дел од овој проблем. Не треба да се пропушти оваа единствена можност да се постигне решение што е можно поскоро, да се отвори европската врата на вашата земја.
ефектите од јавната администрација и обезбедување слобода на говорот остануваат важни елементи во работата. Со вакви пораки во Скопје претседателот на европскиот Совет Херман Ван Ромпуј имаше средби со премиерот Груевски.


Во врска со прашањето за името, чие решавање постојано се споменува како услов за добивање датум за преговори, тој го реафирмираше ставот дека ЕУ останува со цврста поддршка кон напорите за што поскоро надминување на спорот со Грција:

„Европската унија не е дел од овој проблем. Не треба да се пропушти оваа единствена можност да се постигне решение што е можно поскоро, да се отвори европската врата на вашата земја.“

На разговорите била нагласена и потребата од целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор, што, како што кажа, е исто така важно за пристап на земјата во ЕУ. Во Скопје, македонските лидери му пренесоа на Ван Ромпуј што е направено во земјата во изминатата една година од претходниот извештај на Комисијата.


Очекувам реално вреднување на вложената работа во извештајот на ЕК. Сепак за тоа најрелевантно ќе каже Комисијата на 9-ти ноември, рече Груевски. Во врска со прашањето за името, Груевски потсети дека разговорите за овој спор наметнат од Грција се водат во рамки на ОН каде што двете земји се полноправни членки:



„Поаѓајќи од посветеноста на белгиското претседателство на спроведување на активна политика на спроведување на база на индивидуалните заслуги на секоја земја-кандидат, изразив уверување дека претседателот Ван Ромпуј и бегиското претседателство можат успешно да го олеснат донесувањето на одлуката и определувањето на датумот за почеток на пристапни преговори со Македонија на претстојните состаноци на Европскиот Совет, а согласно минатогодишните препораки на ЕК.“

Премиерот Груевски рече дека на разговорите, исто така апелирал прашањето на евроинтегарцијата на земјава да биде разгледувано како кохерентен фактор во македонското општество како мултиетничко.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG