Достапни линкови

Од 16 до 23 октомври, во Скопје, се одржува третото издание на фестивалот за современ танц Локомотива, чие мото овојпат е „Простор за дијалог“.

Центарот за нови иницијативи во културата и во уметноста од Скопје сакајќи да ја акцентира потребата за дијалог на сцената помеѓу авторите, директните актери – кореографите и танчерите, публиката и оние кои одлучуваат за оваа уметност, актуелното трето издание на Фестивалот за современ танц ЛОКОМОТИВА, реши да се одвива под наслов ПРОСТОР ЗА ДИЈАЛОГ.
Сметаме дека навистина е време да се рефлектира и програмски да се размислува околу некои нови, уметнички, современи форми кои што имаат некои свои специфики, а таков е современиот танц.


„Сметаме дека навистина е време да се рефлектира и програмски да се размислува околу некои нови, уметнички, современи форми кои што имаат некои свои специфики, а таков е современиот танц“, истакнува Билјана Тануровска Чулавковски, програмски директор на манифестацијата.

Инаку во пресрет на ова издание на ЛОКОМОТИВА 3 , во почетокот на октомври беше претставен проектот В.Р.Е.М.Е, потоа следуваа работилницата за танц и драматургија насловена како (Не)Лични приказни со десет учесници од балканските земји и од Македонија, на која гости предавачи беа Матеуш Херчка, драматург и актер од Шведска и македонскиот драмски писател Горан Стефановски, на сцената во Младинскиот културен центар беа прикажани Приказни за телото 4 со концепт, режија и кореографија на Снежана Премуш од Словенија и Мојот живот како танчерка во кореографија и изведба на Мод Лијардон од Швајцарија, а деновиве следуваат и проектите на младите кореографи и танчери Франческо Скавета од Италија, Игор Коруга од Србија и нашите Викторија Илиоска, Александар Георгиев, Викторија Динева, Крсте Господиновски, Ана Јосифовска и Кире Миладиновски.
Миладиновски ќе ја претстави сопствената кореографија Бубачки, а за потребата од ваквите случувања особено за напредок во развојот на младите уметници вели:
И овогодинешната програма на фестивалот им помага на младите автори од Македонија бидејќи отвара еден нов простор, платформа преку која имаат можност да се прикажат пред македонската јавност и да покажат што тие творат.


„И овогодинешната програма на фестивалот помага доста на младите автори од Македонија бидејќи отвара еден нов простор, платформа преку која имаат можност да се прикажат пред македонската јавност и да покажат што тие творат.“

Со отворањето на Катедра за балетски педагози и кореографи на Музичката академија, та и со пројавениот интерес за вложување во едукација на младите танчери и кореографи, згора и посетеноста на ваквите случувања, се доаѓа до сознание дека кај нас полека генерално како да се менува свеста околу оваа уметност, но Тануровска Чулавковски забележува дека:

„Треба да се работи на другите сегменти како што е продукција, критика, теорија што ќе има можност да рефлектира што се случува.“

Програмскиот дел на фестивалот ЛОКОМОТИВА 3 завршува во сабота, на 23 октомври.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG