Достапни линкови

Средношколци се боделе со ножеви во градски автобус


Шеснаесетгодишно момче денеска е повредено со нож, кога група, веројотано, малолетници насилно влегле во автобус брoj 50 кој сообраќал од Маџари кон Центар. Полицијата соопшти дека инцидентот се случил на постојката под клучката „Дијамант“.

Во автобусот во кој покрај други патници се возеле и средношколци од електро-техничкото училиште „Михајло Пупин“, од задната врата сакале да влезат група од 10 до 15 лица. Учениците што биле внатре ја притискале вратата и не им дозволувале да влезат, но тие скршиле едно стакло и успеале да отворат и да влезат во автобусот. Настанала тепачка меѓу двете групи, при што едно лице со нож го проболо 16-годишникот во десната натколеница.

МВР не прецизира дали повредениот е ученик на „Михајло Пупун“. На повредениот му била укажана лекарска помош во Градската општа болница. По инцидентот напаѓачот и другите од групата се разбегале. Случајот го пријавил возач на автобус.
XS
SM
MD
LG