Достапни линкови

Ромпуј - поддршка за решавање на спорот со името


Херман Ван Ромпуј, претседател на европскиот Совет
Херман Ван Ромпуј, претседател на европскиот Совет

Претстојниот извештај на ЕУ и спорот за името, теми на посетата на Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј на Македонија.

Ван Ромпуј подвлече дека е свесен оти пристапувањето во ЕУ за Македонија, како земја кандидат за членство, е многу важно бидејќи членството ќе претставува сидро за македонското мултиетничко општество.

- ЕУ цврсто ја поддржува европската вокација за оваа земја. Поддршката оди заедно со нашите очекувања за одржување на темпото на реформскиот процес. Го охрабрив премиерот да инвестира дополнителни напори и енергија во сите дополнителни активности и реформи на патот кон реализацијата на оваа европска перспектива, рече Ван Ромпуј.

Во врска со името, тој посочи дека ЕУ останува со цврста поддршка за процесот на решавање на спорот за името и порача да не се пропушти можноста за скорешно отворање на европската врата.



Кои беа очекувањата од посетата на Ромпеј ?

Пред почетокот на својата посета на Балканот во рамки на која доаѓа денеска во Македонија, претседателот на европскиот Совет Херман Ван Ромпуј изјави дека ЕУ не смее и нема да го заборави Балканот, но и не сака да увезува конфликти. Со ваква порака во Скопје тој попладнето се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. На разговорите според најавите ќе стане збор за претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, а незаобиколна тема ќе биде и билатералниот проблем за името како клучна пречка за македонската евроинтегарција. ЕУ е децидна дека секоја земја кандидат која сака да стане член мора да има расчистено со сите проблеми што се јавуват во демократизацијата на општеството и добросесдските односи, велат експертите. Од тој
Споровите меѓу соседите особено во Западен Балкан се многу големи, сериозни и ЕУ не сака таков жежок костен да фати во рака. Нејзината улога е да ги потикнува кандидатите кои сакаат да станат членки на ЕУ да ги разрешат сите свои проблеми, поучени на пример по примерот на Хрватска и Словенија
аспект според нив кога станува збор за Македонија двата проблема кои ќе бидат поставени и за кои ќе се разговара денеска во Скопје ќе бидат продолжување со демократизацијата на општеството и од друга страна проблемот со Грција во врска со името, вели Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност:

„Споровите меѓу соседите особено во Западен Балкан се многу големи, сериозни и ЕУ не сака таков жежок костен да фати во рака. Нејзината улога е да ги потикнува кандидатите кои сакаат да станат членки на ЕУ да ги разрешат сите свои проблеми, поучени на пример по примерот на Хрватска и Словенија.“

Во видео-пораката, Ван Ромпуј рече дека Брисел во следните две години ке ја подржува евроинтеграцијата на земјите од регионот со финансиска помош од две милијарди евра, но и дека балканските земји се тие што мора да вложат поголеми напори за да се доближат до Унијата. Во таа насока тој ја спомна и борбата против корупцијата и органзираниот криминал која мора да биде поефкасна. Во Скопје, македонските лидери ќе му пренесата на Ван Ромпуј што е направено во земјата во изминатата една година од претходниот извешатј на комисијата. Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумосвки вчера изјави дека сите закони што се усвојуваат со европско знаменце се спроведуваат и не се согласува дека има разлики меѓу перцепцијата на власта оти рефрмите се исполнуваат со соодветна динамика и онаа на
европските дипломати кои во неколку наврати упатија критики оти има доцнење.

Во врска со прашањето за името чие решавање постојано се споменува како услов за добивање датум за преговори, Наумовски потсети дека разговорите за овој спор наметнат од Грција се водат во рамки на ОН каде што двете земји се полноправни членки:


„Разликите околу името за овој билатерален спор кој што е наметнат од страна на Грција се одвива во рамките на ОН и ние очекуваме решението за овој спор да биде изнајден во рамките на ОН.“

Ван Ромпуј е прв пат во Македонија откако стапи на функцијата речиси пред една година, а ќе ги посети и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG