Достапни линкови

Името предуслов за НАТО


Знамето на НАТО

Знамето на НАТО

Пораката дека без решение за името не може да се продолжат евроатлантските интеграции, испратена и од меѓународните претставници учесници на семинарот Рос Рот во Скопје.

Евроатлантските интеграции се важни за секоја држава, но и за НАТО, за Европската унија и за стабилноста воопшто. Да се биде дел од овој колективен систем на безбедност е неопходно. Со ваква порака беше отворено шестото издание на Рос-Рот семинарот во Скопје.
Што направивме ние? Можеби можеше и повеќе, но направивме доволно за да обезбедиме мир по конфликтната 2001 година, рече
Дали во Лисабон ќе добиете покана за членство, тоа најмногу ќе зависи од вас. Сојузниците јасно ставија до знаење дека решението за долготрајниот спор е последната пречка на патот кон НАТО, затоа се надевам дека наскоро ќе постигнете заемно прифатливо
решение.
модераторот на настанот Талат Џафери, шеф на македонската делегација во парламентарното собрание во НАТО. Изразувајќи задоволство од досегашната работа на земјава и соработката со македонските колеги, Марк Ангел од делегацијата на Луксембург потврди дека спорот со името останува главна пречка за евроатланските интеграции на земјава.

„Вашите делегации отсекогаш беа активни и забележителни во нашите заеднички активности. Во изминатите години забележавме напредок на вашата држава, но за жал имаше и разочарувања и назадувања. Дали во Лисабон ќе добиете покана за членство, тоа најмногу ќе зависи од вас. Сојузниците јасно ставија до знаење дека решението за долготрајниот спор е последната пречка на патот кон НАТО, затоа се надевам дека наскоро ќе постигнете заемно прифатливо решение“, рече Ангел.

Актуелниот спор, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го нарече апсурден и наметнат од страна на Грција, но сепак додаде дека Македонија останува отворена во процесот на преговорите.

Дел од кампањата по самитот во Букурешт
„Сакам да потсетам дека токму Собранието на РМ има донесено неколку документи кои ја обврзуваат владата да ги продолжи преговорите, но истовремено и јасно е дефинирано дека компромисното решение неможе да го загрози националниот, јазичниот и културниот идентитет на македонскиот народ.“
Јасно е дефинирано дека компромисното решение неможе да го загрози националниот, јазичниот и културниот идентитет на македонскиот
народ.

Иако, Швајцарија не е членка на НАТО и Европска унија, швајцарската амбасадорка во земјава Никол Вирш рече дека нејзината земја ги поддржува земјите кои сакаат да станат членки на овие организации.

„Во целост ги поддржуваме вредностите на кои се основаат двете институции. Веруваме дека безбедноста и стабилноста во евроатлантската област може да се постигнат преку соработка“, рече Вирш.

Семинарот има за цел да се фокусира на актуелната политичка, економска и безбедносна ситуација во Југоисточна Европа со посебен осврт на националните стратегии за реформи и евроатлантски интеграции.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG