Достапни линкови

logo-print

Нападнат чеченскиот парламент, најмалку 7 загинати


Парламентот во Грозни
Сите 4-ца напаѓачи, кои денеска упаднале во парламентот на Чеченија во Грозни, биле убиени од безбедносните сили, соопшти чеченскиот претседател Рамзан Кадиров. Според руските медиуми, двајца бомбаши самоубијци се разнеле пред парламентот, а уште двајца биле убиени во престрелка со полицијата. Исто така, најмалку 3-ца полицајци загинале, а неколку други лица биле повредени. Кадиров изјави дека сите пратеници биле безбедно евакуирани од зградата, а центарот на Грозни е блокиран.
XS
SM
MD
LG