Достапни линкови

Косово во институционална криза


Собранието на Косово

Собранието на Косово

Демократскиот сојуз на Косово вчера и официјално излезе од владејачката коалиција со Демократската партија на премиерот Хашим Тачи. Според некои оценки, Косово се наоѓа во институционална криза. Дали до крајот на годинава на Косово ќе има вонредни избори.

До напуштањето на министрите од коалиционата влада дојде откако претседателството на Демократскиот сојуз на чело со поранешниот претседател на Косово Фатмир Сејдиу во саботата донесе одлука да излезе од власта.

„Ова е едногласна одлука на Претседателството по испитувањето на последните случувања и со цел да се отворат нормални демократски процеси“, изјави Сејдиу по состанокот на претседателството на неговиот Демократски сојуз.


Ваквата одлука, како што оцени Демократската партија на Косово, претставува неочекувана и лоша вест за Косово, особено по посетата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон.

Останува сега, на Демократската партија на Косово и на премиерот Хашим Тачи да решат дали ќе иницираат вонредни избори.

Доколку владата на Тачи не ги добие тие гласови, тогаш се оди на вонредни избори, и тоа 45 дена по паѓањето на владата. Може да се разгледа и можноста за техничка влада, односно влада на експерти кои би ја воделе земјата до предвремените
избори.


Досегашниот заменик-премиер од Демократскиот сојуз Раме Манај смета дека без оглед што неговата партија излезе од владата, Косово нема потреба да оди на вонредни избори со оглед на тоа што и онака в.д. претседателот Јакуп Красниќи за 13 февруари веќе ги закажа предвремените избори.

За Демократската партија на Косово е доволно изгласување недоверба на владата во Собранието за да се распушти парламентот, а со тоа и да се создадт услови за одржување избори во рок од 45 дена, односно до крајот на годинава. Демократската партија веќе се изјасни дека не поддржува формирање техничка влада.

Аналитичарот Дритон Лајчи вели дека доколку Демократската партија сака да ја продолжи работата на владата тогаш нејзе и се потребни две третини од гласовите на пратениците во Собранието.

„Доколку владата на Тачи не ги добие тие гласови, тогаш се оди на вонредни избори, и тоа 45 дена по паѓањето на владата. Може да се разгледа и можноста за техничка влада, односно влада на експерти кои би ја воделе земјата до предвремените избори“, вели Лајчи.

Од друга страна, одржувањето вонредни избори во рок од 45 дена може да претставува предизвик за Централната изборна комисија.

Косовскиот премиер Хашим Тачи


„Се уште ништо не е подготвено за изборите и поради тоа сум убеден дека би било добро за сите политички партии добро да размислат и да донесат консензус за предвремени, а не за вонредни избори“, оценува поранешниот раководител на Комисијата Мазлум Баралиу.

Тука е и проблемот со буџетот за 2011 година кој се уште не е усвоен во Собранието.

Како и да е, на Косово владее напната ситуација откако Фатмир Сејдиу поднесе оставка на местото шеф на државата што уследи по одлуката на Уставниот суд дека тој го прекршил Уставот со тоа што во исто време бил и претседател на Косово и претседател на Демократскиот сојуз.

Од тогаш вршител на должноста е претседателот на Собранието Красниќи кој кон крајот на минатата недела донесе одлука парламентарните избори на Косово да се одржат на 13 февруари идната година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG