Достапни линкови

logo-print

Турците во Германија мора да научат германски


Германскиот претседател Кристијан Вулф изјави дека турците што живеат во Германија мора да научат да зборуваат германски. Во интервју за весникот Хуриет, Вулф, кој денеска ја започнува 5-дневната посета на Турција, истакна дека Берлин не може да ги затвори очите пред фактот дека имиграцијата со себе донесе и многу проблеми, а решение за многу од нив е знаењето на германскиот јазик. Вулф, покрај средбите со турските лидери, ќе биде и првиот германски претседател кој ќе има обраќање во парламентот на Турција.
XS
SM
MD
LG