Достапни линкови

logo-print

Чавез во посета на Иран


Претседателот на Венецуела Уго Чавез пристигна во Техеран на разговори со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат. Се очекува двајцата лидери да разговараат за унапредување на билатералната соработка, како и за регионални прашања. Чавез и Ахмадинеџат имаат заеднички јазик во поглед на критиките кон Соединетите Држави, а Чавез ја подржува и иранската нуклеарна програма. Чавез претходно ги посети и Украина, Белорусија и Русија.
XS
SM
MD
LG