Достапни линкови

Иванов во Стразбур, Ставрески во Белград, Милеска во Виена


Претседателот Ѓорѓе Иванов патува во Стразбур. Шефот на државата ќе се обрати на церемонијата за одбележување на 60-годишнината од усвојувањето на Европската конвенција за човекови права. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески службено ќе отпатува во Белград. Тој ќе учествува на конференција организирана од „Euromoney” - финансии и инвестиции кај земјите од Југоисточна Европа и во министерскиот панел ќе одржи говор во делот посветен на Република Македонија. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска е во Брдо кај Крањ каде ќе учествува на Регионалната министерска конференција посветена на илегалната миграција, организираниот криминал, борбата против корупцијата и тероризмот. Во Виена, министерката за култура Елизабета Камческа Милевска и австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Шпинделегер ќе потпишат спогодба за културна соработка меѓу Македонија и Австрија.
XS
SM
MD
LG