Достапни линкови

Шпанските војници се повлекуваат од Босна


Шпанија денеска ја завршува воената мисија во Босна по 18 години. Шпанската министерка за одбрана Карме Чакон, при посетата на Сараево, рече дека шпанските војници си ја исполниле задачата.
Неколку десетици шпански експерти сепак ќе останат во Босна да помогнат во обучувањето на армијата.
Од 1992 година до сега во Босна поминаа 46 илјади шпански војници. Во тој период загинаа 22 шпански војници и еден преведувач.
XS
SM
MD
LG