Достапни линкови

Цензура во Студентското радио?


Логото на студентското радио Студент ФМ

Логото на студентското радио Студент ФМ

Цензура на критичкиот став кон состојбите во образованието и општеството или непрофесионалност. Што е причината за отпуштањето на програмскиот директор на Студентското радио Димитар Апасиев?

Отпуштањето на Димитар Апасиев програмскиот директор и уредник на емисијата Циркус Максимус, која се емитуваше на Студенското радио, според здружението Слободен индекс е цензура на критичкиот став кон состојбите во образованието, а за уредничката на радиото Даниела Блажевска причината е во неговото непрофесионално работење. Блажевска вели дека неговата емисија не била цензурирана, но тој не бил подобен да ја извршува функцијата и да ги учи студентите по новинарство како треба да работат, бидејќи во неа не ги запазувал новинарските стандарди.
Неговите емисии кои што би требало да бидат дебатни емисии, тематски емисии, тој несака да поканува гости, несака да зема изјави, несака да интервјуира
луѓе.


„Неговите емисии кои што би требало да бидат дебатни емисии, тематски емисии, тој не сака да поканува гости, не сака да зема изјави, не сака да интервјуира луѓе. Како може да работите во радио, а да не земате изјави?! Што се извори на информации, не знае, оди интервјуирај ги луѓето, не сака да интервјуира.“

Ива Додевска од Слободен индекс вели дека начинот на работа на Апасиев не и одел во прилог на уредничката и концептот на радиото и таа не ја исклучува можноста отпуштањето да е со политичка позадина.

Логото на Слободен индекс

„Во радиото се наметнува некаков став дека мора да се политички коректни, да не ја критикуваат власта, институциите, државата, универзитетот, значи буквално да бидат на страната на државата. Мора да бидеме слободни, да упатиме критики доколку е тоа потребно.“
Во радиото се наметнува некаков став дека мора да се политички коректни, да не ја критикуваат власта, институциите, државата, универзитетот, значи буквално да бидат на страната на државата. Мора да бидеме слободни, да упатиме критики доколку е тоа потребно.

Блажевска, пак, вели дека нема вистина во тврдењата.

„Тоа воопшто не е точно. Сите тие теми за кои што тој наводно кажува дека е отпуштен, темите поминале, можеби не се направени новинарски.“

Таа не знае и кои се мотивите за обвинувањата на Слободен индекс и зошто не побарале објаснување за одлуката.

„Веројатно тие се дезинформирани од Димитар Апасиев, тие воопшто мене не ми се јавиле за да ја слушнат втората страна“, вели Блажевска.


Додевска, пак, вели дека нивните информации се и од другите вработени во радиото.

„Овие информации не се само од него, ние имаме студенти, колеги што работат таму и кои што ми ја пренесуваат истата слика.“

Од Слободен индекс велат дека ќе бараат од Сенатот на Универзитетот Кирил и Методиј, уредничката на радиото да биде отпуштена, бидејќи, како што велат, е недозволиво во демократско држава да постои цензура на единствениот јавен медиум на студентите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG