Достапни линкови

Дизајнот на кинеските двокатни автобуси ги задоволува желбите на Владата


Дизајнот на презентираниот двокатен автобус ги задоволува барањата и желбата на Владата, со автобус во ретро стил да го врати стариот сјај на Скопје, оцени министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Тој денеска во Кина се провози со првиот изработен прототип на автобусот во кинеската компанија Јутонг во градот Женгжоу. Фабриката победи на тендерот за набавка на 202 двокатни автобуси, од кои два панорамски, а потребите на ЈСП „Скопје“.
Јанакиески рече дека очекува, првиот прототип на автобусот,во Скопје, да пристигне на почетокот на наредната година. На него ќе се обучуваат вработените во ЈСП.
XS
SM
MD
LG