Достапни линкови

Груевски очекува реален извештај и не бега од Папандреу


Очекувам реална валоризација на сработеното, изјави премиерот Никола Груевски за очекувањата од утрешната посета на претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј и од претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија.
На прашање од новинарите дали ќе инсистира на средба со грачкиот премиер Јоргос Папандреу пред Самитот на НАТО во Лисабон, Груевски потенцира дека не би одбил каква било средба со грчкиот премиер.

„Да се оствари дијалог и размена на мислења, а пред се да се побара да престане ова лудило што ни се случува од страна на Грција“, рече премиерот Груевски.
XS
SM
MD
LG