Достапни линкови

Ѓукановиќ против заеднички влез на Западен Балкан во ЕУ


Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ го смета за погрешен концептот за истовремен прием на Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора во Европската унија. Тој се залага за т.н. „регата модел“ во проширувањето на ЕУ.
Ѓукановиќ за црногорскиот весник „Побједа“ изјави ако се протежира заеднички прием, сите држави ќе треба да чекаат најназадната од нив да ги исполни сите критериуми за влез, но не прецизираше која држава е најназад.
Ѓукановиќ нагласи дека не треба да се чека, бидејќи во предност мора да бидат оние со оптимална брзина и дека Црна Гора има одлично темпо, поради што е заговорник на „регата моделот“ во политиката на проширување на ЕУ.
XS
SM
MD
LG